Уште едно бебе починало на ГАК, министерот и директорката без одговори

Откако беше објавено дека на почетокот од седмицава починале три бебиња, уште едно новороденче починало на скопската Клиика за гинекологија и акушерство, во четвртокот телевизијата Сител.

Бебето било родено предвреме во 25-танедела. По тројката ова е четвртти смртен случај во два дена. Лекарски извори за телевизијата коментираат дека состојбата на Клиниката подолго време е алармантна.

По две новороденчиња биле сместени во еден инкубатор. Наместо 22 на одделот за интензивна нега имало 55 предвремено родени бебиња.

Капацитетот е исполнет повеќе од двојно зашто одделот за интензивна нега на Детската клиника се реновира околу една година и таму во функција се само шест инкубатори.

Покрај опремата за ризични новороденчиња, проблем е и недостигот од кадар. Имаат само девет педијатри на 6.000 породувања годишно и овие лекари дежурале секоја втора вечер.

Од Министерството за здравство изјавија дека прават анализи, но без конкретен одговор кои итни мерки ќе се преземат да се подобри состојбата на гинекологија со кадар и опрема за да се намали смртноста на новороденчињата.

„Министерството за здравство спроведува темелна анализа за потребите на јавните здравствени установи за зајакнување од аспект на кадар, нова опрема, и сл. Главниот фокус е токму на унапредување на гинекологија и неонатологија, со цел долгорочно да се надмине проблемот со недостиг на доктори во овие специјалности, како на Клиниката за гинекологија како врвна терциерна установа, така и во родилиштата низ државата, со што овие здравствени услуги ќе се доближат до мајките и новороденчињата според местото на живеење“, стои во писмениот одговор од министерството до Сител.