Уште едно лице приведено порди нападот врз градоначалникот на Солун

Млад маж е приведен со што досега бројот идентификувани и приведени лица во врска со претепувањето на градоначалникот на Солун, Јанис Бутарис, извршено од ултранационалистите минатиот викенд, се зголеми на четворица, пренесуваат во неделата грчките електронски медиуми.

Властите го идентификуваа идентитетот на дванаесеттемина осомничени за нападот на 19-ти мај. Против 22-годишен грчки државјанин ќе биде покренато обвинение за вербален напад и нарушување на јавниот ред. Други тројца осомничени, на возраст од 20, 21 и 34 години, во петокот беа уапсени.

Градоначалникот на Солун Јанис Бутарис беше хоспитализиран како беше претепан за време на церемонијата на одбележување на годишнината од геноцидот врз пондите, грчко население од Мала Азија кое било протерано на почетокот од малдотурската револуција во Османското церство, по што биле принудени да се отселат на север на територија на поранешниот СССР и во Грција.

Бутарис се залага за зајакнување на трговските врски со Турција, а на денот, на кој се оддава спомен на жртвите од геноцидот, тој им дозволи на членовите на ЛГБТ-заедницата да организираат геј-парада во Солун.