Граничната полиција евидентираше нов случај на украдени регистерски таблици од македонски државјанин кој летувал во Грција, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Во понеделникот на 24 август, на граничниот премин „Богородица“ од страна на А.В. од Свети Николе, е пријавено дека на 20 или на 21 август во местото Пефкохори, му се украдени двете регистарски таблици од автомобилот „ауди“.
Ова е трет случај на украдени регистарски таблици, а досега се регистрирани и шест случаи на оштетување на возила на македонски државјани, кои сезонава се случија на повеќе места во Грција.