Уште петмина амнестирани за настаните од 27 април

Уште пет лица обвинети за настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија добија амнестија. Станува збор за лица кои беа обвинети за учество во толпа.

Одделот за Кривично полнолетни при Основниот суд Скопје 1 постапувајќи по добиени барања согласно Законот за амнестија на настаните од 27 април 2017 година во Собранието на Република Македонија, а по добиени мислења од надлежното обвинителство, донесе решенија и денеска ги експедира до странките, а со кои барањата на А.С., Д.М., Д.В., С.П. и Б.М. опфатени во предметот со К.бр. 752/17 ги уважи, додека сите преостанати барања се одбиени како неосновани, се наведува во соопштението од Кривичниот суд.

 

Со овие решенија Основниот суд Скопје 1, како што посочуваат оттаму, во законски утврдениот рок постапи, донесе решенија и истите ги достави до странките по однос на сите барања поврзани со Законот за амнестија на настаните од 27– ми април 2017 година во Собранието на Република Македонија.