Усупашвили: САД да постават воена база во Грузија

Претседателот на грузискиот Парламент и лидер на Републиканската партија Давид Усупашвили инсистира да биде лоцирана воена база на САД во земјата.

– Грузија треба да даде официјална политичка изјава дека сака на своја територија да има американска воена база, посочи Усупашвили.

Тој наведе дека треба да се направи сондажа и да се убедат САД да лоцираат воена база, што ќе биде во интерес на двете земји, како и во интерес на заедничката стабилност и на европската безбедност.