![gasifikacija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2016/09/gasifikacija.jpg?resize=696%2C522&ssl=1)
Владата на вчерашната седница го разгледа и усвои Меморандумот за соработка во полето на природниот гас помеѓу Министерството за економија на Република Македонија и Министерството за енергетика на Република Бугарија.
Во однос на ова Владата, како што соопшти нејзината прес-служба, го овластила министерот за економија да го потпише меморандумот за соработка помеѓу двете земји.
– Како што беше оценето, оваа соработка ќе овозможи нова директна врска помеѓу двата система за природен гас на Република Македонија и Република Бугарија, наведува владината прес-служба во соопштението.