Денес на седницата на Советот на Општина Бутел беше изгласан и донесен најголемиот, рекордно проектиран буџет кој некогаш го имала општина Бутел. Усвоивме развоен буџет, буџет кој е наменет и исклучиво во служба на граѓаните. Буџет кој значи реализирање на барањата на граѓаните, објави Дарко Костовски, градоначалник на Општина Бутел.
„За жал советниците од ДУИ не го поддржа буџетот, не го поддржаа проектот за вода во Љубанци и Љуботен, не поддржаа нови улици во Љуботен, Визбегово, Скопје Север, Бутел, не поддржаа нови проекти и не го поддржа развојот на Општина Бутел.
20 години без никаков интерес за граѓаните на општина Бутел!
178 милиони денари за капитални проекти!
Со овој буџет одвоени се рекорден број на финансии за капитални проекти.
Со овој буџет издвоени се финансии за реализација на:
– Парк во населено место Радишани
– Пешачка патека покрај река Серава
– Детска градинка во населеното место Бутел 2
– Доуредување на речното корито на Река Серава
– Реконструкција на клучните сообраќајници во Општина Бутел
– Реконструкција и ревитализација на голем број на помали сервисни улици
– Изградба на нова и реконструкција на постоечката атмосферска и фекална канализација
– Изградба на нови спортско рекреативни центри
– Нови детски игралишта
– Нови спортски игралишта
– Нов пешачки и пристапни патеки
– Поддршка на спортски клубови
– Спортски стипендии
– Субвенционирање на кровови и фасади
– Парична помош за пензионерите
– Зголемен број на финансиски средства за помош на социјално загрозени семејства
– Финансии за културни и спортски настани
Во овој буџет предвиени се нула средства за репрезентација, патни трошоци, како и непродуктивни трошоци. Парите на граѓаните мора и исклучиво ќе се користат за нивни потреби! 2025 година ќе биде година на развој, на многу нови значајни проекти во сите населени места!“, нотира во објавата.
-Продлжуваме за модерна, стабилна и просперитетна Општина Бутел!, потенцита Костовски.