Се усвои потребата за предлог-законот за ЈО со 57 гласа „За“, ниту еден против, а пратениците на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа воопшто иако беа присутни.
Предлагачот, Рената Дескоска, рече дека овој Закон ќе го гони криминалот и високата корупција и дека со овој предлог-законот ќе имаме ефикасна правда, без разлика на политичката гарнитура. Но, зборовите на министерката Дескоска не и се допаднаа на опозицијата која бурно реагираше.
По ова пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошовски, побара оставка од Министерката за правда, бидејќи токму во текот на нејзиниот мандат имаме мега скандал „Рекет’’.
Дескоска, рече дека постои впечаток дека за пратениците на ВМРО-ДПМНЕ поважно е да се спасат неколку функционери. Таа рече дека има други опции доколку не се постигне двотретинско мнозинство.
Пратеникот на Движење Беса, истакнаа дека овој предлог-закон не е прифатлив бидејќи нема гаранција од власта дека отворените предметите на СЈО ќе бидат процесирани.
Артан Груби од ДУИ, побара ветинг за сите политичари, судии и обвинители по скандалот „Рекет“.
Во четврток, предлог-законот за ЈО ќе биде во Комисијата за европски прашања, каде се очекува да се дискутира за предложените амандмани од политичките партии.