ЈуТјуб ги укинува Stories

Видео сервисот ЈуТјуб ги исклучува Stories. Од 26 јуни, корисниците на ЈуТјуб повеќе нема да ја имаат оваа опција, а постоечките објави ќе исчезнат во рок од седум дена.

ЈуТјуб сака да ги насочи корисниците кон кратка форма на видео што ја нарекува „Shorts“, која би требало да биде конкуренција на ТикТок.

Иако многу платформи ги усвоија кратките приказните првично популаризирани од Снепчет, ЈуТјуб е првиот што официјално ја затвори својата верзија.