![7SG3EBWWAVBVBGWL7OSHDJDDGQ](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/04/7SG3EBWWAVBVBGWL7OSHDJDDGQ.jpg?resize=696%2C442&ssl=1)
Кошаркарите на Јута Џез во синоќешната победа од 137:91 над Орландо Меџикс ја остварија деветтата победа во низа и дури 22-та последователна во својата сала приредувајќи вистински фестибвал на „тројки“ и постигнувајќи ја рекордната победа од 46 поени разлика.
Џезерите со дури 18 погодени „тројки“ во првиот дел го соборија НВА рекордот на Голден Стејт Вориорс од пред три години со 17 „торјки“, а до крајот погодија 25 од 55 удари за три поена.
Мичел со 6 постигнати „тројки“ од 7 обиди, Инглес со 5 од 7, Богдановиќ со 4 од 6 и Кларксон со 3 од 6, беа немилосрдни кон Меџикс, а речиси целата екипа на Џез постиогна тројки; Џорџ Нианг и Ерсан Иљасова по две, а Ројс О’Нил, Зараел Брантли, Миј Они и Мет Топас по една.
Покрај рекордот во „тројките“, најдобриот тим моментално во НБА лигата имаше вкупно и 34 асистенции, 10 украдени топки, 50 скокови и 55,4 отсто реализирани удари на кошот.
Кај Јута најдобар беше Донован Мичел со 22 коша, а кај Орландо се истакна Вендел Картер џуниор со 19 поени.
Со поените на Џру Холидеј во самата завршница Милвоки Бакс на гости ги победија Сакраменто Кингс со 129:128, и тоа без својата најголема ѕвезда Јанис Адетонкумпо/.
Бакс со соодносот на победи и порази од 32-17 се трети на Истокот, а водечкиот тим Филаделфија 76ерс дома ги совлада Минесота Тимберволфс со 127:101. Тобијас Харис со 32 и Џоел Ембид со 24 поени, кој заигра по паузата до десет натпревари поради повреда, ги предводеа Сиксерс.
Индијана Пејсерс со 139:133 славеа по продолжението кај Сан Антониот Спарс.
РЕЗУЛТАТИ
Вашингтон Визардс – Далас Маверикс 87:109
Детроит Пистонс – Њујорк Никс 81:125
Мајами Хитс – Кливленд Кавалирс 115:101
Филаделфија 76ерс – Минесота Тимбервулфс 122:113
Сан Антонио Спарс – Индијана Пејсерс 133-139 (продолжение)
Јута Џез – Орландо Меџикс 137:91
Портланд Трејл Блејзерс – Оклахома Сити Тандерс 133:85
Сакраменто Кингс – Милвоки Бакс 128:129
ТАБЕЛИ
Источна конференција
Филаделфија 76ерс 34 15 69.4
Бруклин Нетс 34 15 69.4
Милвоки Бакс 32 17 65,3
Шарлот Хорнетс 25 23 52.1
Мајами Хитс 26 24 52.0
Атланта Хоукс 25 24 51.0
Њујорк Никс 25 25 50.0
Бостон Селтикс 24 25 49.0
Индијана Пејсерс 22 26 45,8
Чикаго Булс 19 28 40.4
Торонто Репторс 19 30 38,8
Вашингтон Визардс 17 31 35.4
Орландо Меџикс 17 32 34,7
Кливленд Кавалирс 17 32 34,7
Детроит Пистонс 14 35 28,6
Западна конференција
Јута Џез 38 11 77,6
Феникс Санс 34 14 70,8
ЛА Клиперс 32 18 64.0
Лос Анџелес Лејкерс 31 18 63.3
Денвер Нагетс 30 18 62,5
Портланд Трејл Блејзерс 30 19 61.2
Далас Маверикс 27 21 56.3
Сан Антонио Спарс 24 23 51.1
Мемфис Гризлис 23 23 50.0
Голден Стејт Вориорс 23 26 46,9
Сакраменто Кингс 22 28 44.0
Њу Орлеанс Пеликанс 21 27 43.8
Оклахома Сити Тандерс 20 29 40,8
Хјустон Рокетс 13 35 27.1
Минесота Тимбервулфс 12 38 24.0