Кошаркарите на Јута Џез во прваиот дуел од годинешното доигрувањето во НБА лигата како гости ги совладаа Далас Маверикс со 99:93.
Одлична игра во првиот дел имаше хрватскиот играч Бојан Богдановиќ кога постигна 20 од своите вкупно 26 коша, кога Јута направи предност на одморот со 45:43, иако во поголемиот дел од оваа делница беше во заостанување.
Во продолжението мечот во свои раце го презема Донован Мичел, кој постигна 30 од своите вкупно 32 поени ги постигна толку во второто полувреме.
Покрај Мичел и Богдановиќ, кај Џез се исткана и Руди Гобер со 17 скокови, додека клучната „тројка“ за предноста од 95:91 на самото влегување во последната минута ја постигна Росј О’Нил, а тоа воедно беа и единствените поени.
Кај Далас кои играа без својот најдобар играч Словенецот Лука Дончич поради повреда на листот на ногата, најефикасни беа Џејлен Брансон со 24 и Спенсер Дивиди со 22 поени.
Џез со тоа поведоа со 1-0 во поебеди во серијата којашто се игра до четири победи. Истите ривали вториот натпревар ќе го играат по два дена, исто така, во Далас.