Љутков до министерката за култура: За да не останете до крај неартикулирана и конфузна, очекувам да прифатите веднаш ТВ

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска изјави дека и покрај тоа што со Ребалансот на буџетот се кратат околу 30 отсто од средствата за културните работници, сепак, не очекува богато културно постковид лето. По оваа нејзина изјава со реакција се јави актерот Зоран Љутков.

„Неартикулирани изјави кои ме мачат“.

„Министерката информира и дека веќе сите уметници се известени во врска со кратењето на средствата и нагласи оти и тие самите се свесни и прифатиле да работат и со намалени средства од Министерството за култура”

„Нема привилегирани, нема оштетени, нема некои што имаат предност, нема некои да немаат предност, нема некој да е заборавен”

„Нешто е веќе реализирано, а нешто од втората половина од годинава би можело да претрпи некое препрограмирање, репрограмирање на некои долгови, бидејќи сите се согласивме да не се кратат капиталните ивнестиции, бидејќи сведоци сме на архитектура, на градба на нашите стари центри и театри за култура каде никој не вложил”

Министерке Бисера Костадиновска Стојчевска, за да не останете до крај неартикулирана и конфузна, очекувам да прифатите веднаш ТВ дуел на медиум кој Вам ви одговара и да ги разјасниме нејасниве изјави!
Итно треба да одговорите кој тоа е прашан, кога е прашан и со што од наведеново се сложил?!, пишува  Љутков на Фејсбук.