17.8 C
Skopje
недела, септември 8, 2024

Утре без струја дел од Карпош, Бутел и Сопиште

Утре без електрична енергија ќе останат дел од општините Карпош, Бутел и Сопиште.

Како што информираат од ЕВН Македонија во периодот од 09:30-14:30 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од ул.Његошева и ул.Софиска во општина Карпош.

Во периодот од 07:00-09:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците на дел од ул.Качанилки Пат, Компании Југо Импекс, Зорлу Алумин, Академи Тејпс ДОО, Максима Сузуки Волво Сервис, во општина Бутел.

Без струја во периодот од 12:00-14:00 часот ќе останат и корисниците од ул.Никола Русински згр.3а и 3б, како и кафе барот Флуид во општина Карпош. Во периодот од 09:00-11:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од ул.Карпошово Востание згр.4, ул.Роберт Кох згр.1, ул.Драгиша Мишовиќ згр.5 и згр.7, општина Карпош.

Во периодот од 09:00-14:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од село Држилово, општина Сопиште.