Утре без струја ќе биде делови од општините Петровец и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека на ден 06.11.2024 година (среда) без електрична енергија ќе останат дел од општините Ѓорче Петров и Петровец.

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот корисниците од ул. Воин Драшкоци, Ибе Паликуќа, училиштето Димитар Поп Беровски во Хром (општина Ѓорче Петров), додека во период од 10:00 до 12:00 часот корисниците од село Орман, село Никиштани, стопански објекти на „Трудбеник“, Водостопанство, Гранит, Дарс, МВМ Компани, Регенератор, дел од Новоселски Пат, дел од село Волково, стопански објект на Техника (општина Ѓорче Петров), соопшти РЦУК – СКОПЈЕ.

Во периодот од 08:30 до 14:00 часот корисниците од ул. 2, дел од ул. 38, дел од ул. 203 (општина Петровец), и од 08:35 до 11:00 часот корисниците од дел од с.Дрма(опш.Петровец).

Додека во период од 10:30 до 12:00 часот корисниците од ул.2 с. Идризово, и викенд населба преку автопат (општина Петровец) ќе бидат без електрична енергија.