Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре, 17.06.2014 година, без електрична енергија ќе бидат делови од општина Гази Баба, Ѓорче Петров, Сарај, Шуто Оризари и Аранчиново.
Во Гази Баба без електрична енергија ќе бидат жителите на Керамидница, поточно улиците 519/94 и 125 во периодот од 13 до 14 часот. Во оваа населба нема да има електрично напојување и на улиците 517, 518 и 519 од 13:30 до 15:30 часот.
Во населбата Автокоманда, без електрична енергија во периодот од 8:30 до 10:30 часот ќе биде улицата Јани Лукровски.
Арачиново без електрична енергија ќе биде во периодот од 9:30 до 14 часот, а улицата број 20 во општина Сарај нема да има струја од 9 до 15 часот. Во истиот период без струја ќе бидат и улиците 1, 2, 3 и 4 во селото Грчец во општина Сарај.
Од 11 до 13 часот без електрична енергија ќе бидат улиците Лазар Поп Трајков и Ботун во општина Ѓорче Петров, а од 9 до 15 часот прекинато ќе биде електричното напојување на улиците Волт Дизни и Диме Мечето во населбата Шуто Оризари.