Утре без струја, Ѓорче, Сарај и Шуто Оризари

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје информира дека утре, 03.06.2014 година, без електрична енергија ќе останат корисниците од општите Ѓорче Петров, Шуто Оризари и Сарај.

Во периодот од 9 до 15 часот, корисниците од улиците 6 и Црногорска во општина Ѓорче Петров ќе останат без електрично напојување. Во истиот период, од 9 до 15 часот стрјуа нема да има и на улиците Волт Дизни и Диме Мечето во општина Шуто Оризари.

И во општина Сарај, поточно во селото Грчец, улиците 1, 2, 3, 4 и 5 ќе останат без електрична енергија во периодот од 9 до 15 часот.