Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, информира дека утре, 29.05.2014 година, без електрична енергија ќе бидат делови од општините Карпош, Ѓорче Петров, Сарај и Студеничани.
Во периодот од 9 до 12 часот, жителите од улиците Варшавска и Парсика во општина Карпош ќе останат без електрично напојување, а додека пак од 9 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од улица 7 во населбата Волково во Ѓорче Петров.
Улиците 1, 2, 3, 4 и 5 од општина Сарај ќе имаат прекин во снабдувањето со електрична енергија во периодот од 9 до 15 часот, а во периодот од 10 до 11 часот, без струја ќе бидат корисниците од улицата 1 во село Студеничани.