Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по известувањето добиено од ЈП Водовод и Канализација – Скопје, ги известува граѓаните дека утре ќе се изведува технички зафат за поправка на затварачи на водоводна мрежа во Општина Аеродром.
Интервенцијата ќе започне во 09:00 часот и ќе трае до завршување на работите.
Без вода ќе останат корисниците од :
- Нас. Маџари, јужно од автопатот (ул. Б.Стефковски, нас. Хиподром и др.) (општина Гази Баба)
- с. Студеничани . (општина Студеничани)
Откако ќе се испразнат резервоарите, без вода ќе останат корисниците од :
- Населба Аеродром, висока зона. (општина Аеродром)
- Ново Лисиче, висока зона. (општина Аеродром)
- Населбата Припор. (општина Кисела Вода)
- Селата Сопиште, Ракотинци и Добри Дол. (општина Сопиште)
- Нас. Усје . (општина Кисела Вода)
- Нас. Пинтија . (општина Кисела Вода)
- Нас. Драчево и с. Драчево. (општина Кисела Вода)
- Селата Батинци и Љубош . (општина Студеничани)
- Село Моране . (општина Студеничани)
Со намален притисок ќе бидат корисниците од :
- Населба Аеродром, ниска зона. (општина Аеродром)
- Ново Лисиче, ниска зона. (општина Аеродром)
- Нас. Маџари, северно од автопатот . (општина Гази Баба)