Утре без вода дел од Кисела Вода

Дел од корисниците во Кисела Вода, утре, 11 мај, ќе останат без вода, информира Регионалниот центар за управување со кризи.

„Од ЈП Водовод и Канализација, известени сме дека на 11 мај поради поврзување на водоводна мрежа на улица Тодор Паница со улица Јордан Филиповски, во периодот од 08 до 11 часот без вода ќе останат корисниците од улиците Тодор Паница и Јордан Филиповски“, се вели во информацијата.