Утре без вода дел од жителите на Центар

Без вода утре од 8:00 часот ќе останат корисниците од улиците „Мирче Мацан” и „Ново Маало” во Општина Центар. Како што соопшти РЦУК-Скопје, прекинот е поради остранување дефект на водоводна цевка со пречник 80мм на улица „Мирче Мацан”, бр.17. Корисниците ќе бидат без вода се до завршување на интервенцијата