
По известувањето добиено од ЈП Водовод и канализација, РЦУК на Град Скопје ги известува граѓаните дека утре без вода ќе останат дел од жителите на општина Центар и од Сарај.
Поради изведување на водоводен приклучок на водоводна мрежа со пречник од Ф-200мм, во Градски парк до Арена Филип Втори , прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од Арена Филип Втори и околните објекти од 09:00 часот до завршување на интервенцијата.
Поради поставување на мерачи за проток во село Бојане, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Бојане од 09:00 часот до завршување на интервенцијата во општина Сарај.