Утре без вода некои делови од општина Гази Баба и општина Ѓорче Петров

Од ЈП Водовод и Канализација добивме известување дека на ден 04.11.2020 година ( среда ) поради промена на затварач Ф-125 мм., на ул. Жеглане 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица и дел од корисниците од ул. Фуштанска и Дурмиторска од 09:00 часот до завршување. ( општина Гази Баба )

Исто така поради поставување на мерач на проток во пумпната станица во Ново Село , со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од Ново Село, Даме Груев, Волково, Стопански Двор, Кисела Јабука, с.Орман и с.Никиштани. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 до 13:00 часот .( општина Ѓорче Петров )