![bez voda](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/bez-voda.jpg?resize=696%2C412&ssl=1)
Поради промена на затварач од ф – 600 мм на ул. „Беласица“ б.б во непосредна близина на ТЦ Ист гејт мол, утре без вода ќе останат корисниците од улиците „Беласица“, „Хусеин Бајрам“, 164, 165, 166 и 171, како и сите стопански и нестопански објекти во нивна близина во Општина Гази Баба.
Од ЈП Водовод и канализација информираат дека прекинот со водоснабдувањето ќе биде од 9:00 часот па се до завршување на работата.