Без вода утре од 08:00 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Френклин Рузвелт“ и „Ристо Равановски“.
Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради уличен дефект на ул.„Френклин Рузвелт“ раскрсница со бул.„Партизански Одреди“.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.