Вработените во Фондот за здравство најавија дека утре во 11 часот ќе излезат на протест поради незадоволството од неусогласувањето на нивните плати со порастот на минималецот, објави Сител.
Претседателот на Синдикатот на УПОЗ, Трпе Деановски, во изјава за телевизијата рекол дека вработените имаат три барања.
-Имаме 3 барања- усогласување со минималната плата, да се донесе вредносен бод и зачувување на платите што ги имаат вработените и веднаш да се разреши целиот Управен одбор на фондот, да се донесат нови членови кои веднаш ќе заседаваат и ќе донесат одлука со која ќе се заштитат вработените во Фондот за здравство, изјавил Деаноски.
Ако протестот не донесе резултати, тогаш ќе се организира штрајк, посочуваат од Синдикатот на УПОЗ.