Утре ќе се одржи првата седница на новоизбраната Влада

Новиот претседател на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, за утре, 30.01.2024 година (вторник), со почеток во 12:00 часот, ја закажа првата седница на новоизбраниот владин состав.

За заклучоците и одлуките на седницата, јавноста ќе биде информирана по завршувањето на седницата.