Утре кон крајот на денот, особено во севернита делови ќе има зголемување на облачноста со услови за краткотраен локален дожд со ретка појава на грмежи, информира УХМР.
Во четврток ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, на места ќе има услови за невреме проследено со силен ветери и појава на град. Нестабилноста ќе биде повеќе изразена во јужните и источните делови на земјата.
Во петок и за време на викендот се очекува постепено стабилизирање на атмосферата.
Инаку, се очекува денес времето да биде сончево и топло, со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб, а вдолж Повардарието умерен северен ветер Максималната температура ќе биде во интервал од 28 до 36 степени.