![dozd](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/dozd-1.jpg?resize=659%2C378&ssl=1)
Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре во ноќните часови и во петок, на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и услови за појава на град, соопшти УХМР.
Во Скопје утре во ноќните часови и во петок, особено претпладне, ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината и со услови за краткотрајно невреме.