Дестабилизирање на времето утре и в сабота најавуваат метеорлозите. Според најавите на повеќе места ќе биде нестабилно облачно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Од УХМР соопштија дека локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме.
Во наредните денови продолжува периодот на нестабилно време со пороен дожд, грмежи, појава на град и засилен ветер.
Денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, а во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилна облачност, која ќе проследена краткотраен дожд и грмежи, засилување на ветерот, а не е исклучена и појава на ситен град. Повеќе услови за нестабилнот ќе има во западниот и северозападниот дел од земјава. Ќе дува умерен ветер претежно од северозападен правец, долж Повардарието повремено ќе се засилува.
Максималната температура ќе биде во интервал од 27 до 34 степени.