Утре Камчев сведочи за „Рекет“, денска полиција влезе во неговите фирми

Бизнисменот Орце Камчев утре во судница ќе сведочи за случајот „Рекет“. Сведочењето на Камчев е по предлог на обвинителката за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска.

Денеска, пак, во тек е полициска акција во неколку фирми кои се во сопственост на Орце Камчев.

Една од фирмите е фирмата „Монт“ која е дел од Орка Холдингот. Другата фирма е „Горфактори“ од Шпанија. Обвинителството нема детали за акцијата.