Утре од 12.30 до 14.30 часот, петнаесетина минути во прекин ќе биде сообраќајот кај Пресека – село Врбјани, на патниот правец А2 Кичево – Охрид, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива непречено по претежно суви коловози на пониските места и наместа влажни коловози на повисоките планински и осојничави места.