Утре најспектакуларната „супер-месечина“ оваа година

Луѓето на Земјата утре ќе бидат сведоци на најспектакуларната „супер-месечина“ оваа година. Тоа ќе се совпадне со делумното затемнување на земјиниот сателит.

„Благодарение на затемнувањето, таа месечина не само што ќе биде одлична, туку и крвава месечина’,“ објави американската НАСА.

Како што се наведува, тнр. „крвава месечина“ обично се случува за време на затемнувањето, кога Земјата се наоѓа меѓу месечината и сонцето. Името „црвена“ (крвава) е поради црвениот отсјај. Кога тоа ќе се случи, појаснува НАСА, единствената светлина што достигнува на површината на месечината е од работ на атмосферата на Земјата. Молекулите на воздухот од атмосферата на Земјата расфрлаат најголем дел од сината светлина.

Резултатот е „блед прстен“ околу месечината, за којшто сè уште не е можно да се предвиди колку ќе биде црвен.