Утре напладне собраниска седница на Комисијата за избори и именувања

Според онјавата на собраниската веб-страна, на дневен ред на првата седница на оваа Комисија се Утврдувањето Предлог – одлука за избор на претседатели, заменици на претседатели, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието на Република Северна Македонија, Разгледување на барањето од поранешниот претседател на Република Северна Македонија Стево Пендаровски, за мирување на правото на пензија по престанување на функцијата претседател на РСМ и Разгледување на барања за остварување на плата по престанок на функцијата пратеник во Собранието.

За изборот на претседателите и членовите на собраниската Законодавно правната комисија и на Комисијата за политички систем е разговарано и на денешната прва редовна координација на собранискиот спикер Африм Гаши со претставници на сите политчките партии во новиот собраниски состав.