![mtsp-1](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/mtsp-1.jpg?resize=696%2C359&ssl=1)
Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“, бр.21/98 и 18/07), 10 април 2024 година (среда), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.
Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија им го честита празникот Рамазан Бајрам.