На Денот на останието на Македонија – 11 Октомври, сите паркинзи под владение на ЈП „Градски паркинг“ ќе бидат бесплатни.
Како што соопштија од претпријатието, таквата одлука единствено нема да важи за паркингот на Водно.
-Ги известуваме корисниците на нашите услуги дека на Денот на востанието на Македонија – 11 Октомври, вторник, на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Градски паркинг“ – Скопје нема да се врши наплата, освен на паркинг зона А0 Водно.
Со редовна работа и наплата ќе работат двете катни гаражи: „Беко“ и „26ти Јули“ и јавните паркиралишта: Кочо Рацин, Треска, Градска Болница и клинички центар Мајка Тереза.
ЈП „Градски паркинг“ – Скопје на сите граѓани им го честита Денот на востанието на Македонија, 11 Октомври – се наведува во соопштението на „Градски паркинг“.