Од утре и во следните денови под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период од годината.
Утре ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
Потоа времето ќе биде постабилно, температурите на повеќе места ќе бидат над 35 степени, а најтопло се очекува да биде во четврток и петок кога на места ќе го надминуваат и 40-тиот степен.