Јубилејната 30-та по ред македонската кошаркарска лига, во машка конкуренција, почнува утре. На малите екрани следните денови ќе имаме можност да гледаме пресметки меѓу нашите 12 домашни тимови, а годинава има и две нови екипи – Феникс 2010 и Ангели, јавува МИА.
Титулата ќе ја брани МЗТ Скопје Аеродром, а најтрофеен клуб со 15 титули досега останува Работнички, кој го „шие“ МЗТ за четири титули.
Низ македонската историјата, титулата ја освоиле и Фени Индустри, а по еднаш Никол Ферт и екипата Струмица.
ПРВА ЛИГА-МАЖИ
ДВОЈКИ 1. КОЛО
2. ОКТОМВРИ (САБОТА):
14.00: Феникс 2010 – Навико Академија ФМП
Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
16.30: МЗТ Скопје Уни Банка – Работнички
Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
18.00: Еуро Никел 2005 – Гостивар
Сала „Јасмин“ – Кавадарци
3. ОКТОМВРИ (НЕДЕЛА):
18.30: Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром
Сала „Младост“ – Битола