
Новата учебна година која започнува утре ќе трае до 17 јуни. Од годинава ќе има и пролетен распуст. Ова го соопшти на прес конференција денеска министерот за образование и наука Јетон Шаќири.
– Од годинава за првпат основците и средношколците ќе имаат и пролетен распуст и истиот ќе трае од 29 април до 5 мај. Ваков распуст се применува во повеќе европски земји и која според наставниците и стручните служби ќе донесе подобри резултати во учењето – рече Шаќири.
Во изминатиот период како што рече министерот, интензивно се подготвувале со училиштата и локалната самоуправа за успешен старт на учебната година.
-Најголем дел од учебниците за основното образование кои се одобрени во изминатиот период како и дел од новите учебници од трето одделение се веќе испорачани до училиштата и апелирам до раководствата на училиштата да ги доделат до учениците. Останатиот помал дел тоа се претежно учебници за шесто одделение ќе бидат доставени веднаш по одобрување од страна на националната комисија за учебници – рече Шаќири.
Тој информира и за реконструкции и поправки на дел од училиштата.
Шаќири рече дека се работело и на подобрување на стандардот на наставниците за што веќе се преговара со СОНК.