
Престижниот филмски фестивал Берлинале почнува утре, а за нашиот претставник за Златна мечка, филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска, има закажано 8 проекции.
Билетите се веќе распродадени, а целата македонска екипа заминува за Берлин со надеж за освојување на престижната награда.