Утре во Македонија ќе биде променливо облачно со локален дожд. Наместа ќе биде пороен проследен со засилен ветер и грмежи.
Утринската температура ќе се движи од 13 до 22, а дневната од 21 до 29 степени.
Во Скопје слично време, променливо облачно со врнежи од дожд, засилен ветер и грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 19, а дневната ќе се искачи до 27 степени.
Во среда се уште ќе има локален дожд во југоисточните делови, особено претпладне, а во текот на денот постепено ќе престанува. Дневната температура на воздухот ќе биде во опаѓање за околу седум до 10 степени. Од четврток повторно следува стаблно време со постепен пораст на дневната температура на воздухот.