Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека:
Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, на ден 26.08.2022 година (петок ), без електрична енергија ќе останат следните корисници:
- 08:30 до 15:30 часот корисниците од стопанските и нестопанските објекти во реонот на селата: Дељадровци, Миладиновци и Текија. (Општина Петровец)
- од 08:30 до 14:30 часот, корисниците од дел од ул. Козара на потегот помеѓу улиците Васил Ѓоргов и Шарски Ордед. (Општина Центар)
- од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од бул. Партизански Одреди бр. 87. (Општина Карпош)
- од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од улиците: Веле Марков , Воин Драшкоци и Ибе Паликуќа. (Општина Ѓорче Петров)
Регионалниот центар за управување со кризи на Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ги известува граѓаните дека на ден 26.08.2022 година (петок),
- поради отстранување дефект на затворач од водоводна мрежа со пречник од ф-80 мм, на крстосницата од улиците Дебарца и Борка Талевски, од 09:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од делови од улиците: Дебарца, Борка Талевски, Никола Тримпаре и Коста Кирков. (Општина Центар)
- поради стопирање на стара водоводна мрежа со пречник од ф-1 цол на ул.Анкарска бр. 16, од 09:00 часот до завршување со работните активности, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од улиците: Анкарска и Атинска. (Општина Карпош)