![taci i dacic](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2014/01/taci-i-dacic.jpg?resize=470%2C270&ssl=1)
Дијалогот меѓу Белград и Приштина ќе продолжи утре, а српскиот премиер Ивица Дачиќ и претседателот на косовската влада Хашим Тачи ќе се состанат кај високата претставничка на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Кетрин Ештон.
Како што најави Дачиќ, во текот на оваа рунда на дијалогот ќе бидат отворени прашања врзани за правосудството и формирање на Заедница на српски општини.
Ова е прва рунда на дијалог за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина годинава, а 21 откако започна дијалогот.
Ештон, утре попладне најпрво одвоено ќе се сретне со Дачиќ и Тачи, а потоа разговороите ќе продолжат на заедничка работна вечера во неговиот кабинет.