Градот Скопје ги информира граѓаните дека на 29 април годинава ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје против ларви од комарци, односно:
1. Авионската дезинсекција (прва фаза) на подрачјето на градот Скопје, против ларви од комарци, ќе се реализира на 29.04.2022 (петок), во раните утрински часови.
Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.
Град Скопје ги известуваа пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.