Авионска дезинсекција (прва фаза) на подрачјето на Градот Скопје, против ларви од комарци ќе се изврши утре во раните утрински часови, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.
Утре, во текот на денот, на подрачјето на Градот Скопје ќе се изврши и терестичната дезинскција (прва фаза) против ларви од комарци.
-Доколку временските услови не се поволни т.е. не го дозволуваат вршењето дезинсекција, истата ќе се изврши првиот нареден ден, во истите термини, кога временските услови ќе бидат поволни, се наведува во соопштението од РЦУК на Град Скопје.
Оттаму со препорака до пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.