По повод 59 години од раѓањето на трагично загинатиот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, утре, на гробот на претседателот во Алејата на великаните на градските гробишта Бутел, во 10 часот ќе биде положено свежо цвеќе.
Освен градоначалникот Петре Латиновски и делегација од општината, свежо цвеќе ќе положат претставници од сите основни училишта од општина Бутел, повеќе невладини организации и здруженија, а секако и членови од семејството Трајковски.
Во чест на претседателот ќе бидат прочитани десетина песни од стихозбирката „Спомени за Борис Трајковски“ во која се застапени авторски песни на ученици од основните училишта во општина Бутел.