Утре сончево со мала облачност, следува стабилизирање и затоплување

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи.

И во вторник во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи. Потоа следува период на стабилно и топло време.