Министерот за здравство Венко Филипче најави дека во текот на утрешниот ден состанок ќе одржи Комисијата за заразни болести.
„За утре е закажан состанок на Комисијата за заразни болести и Комитетот за имунизација поради тоа што сега се анализираат епидемиолошките мерки“, вели Министерот Филипче.
Министерот смета дека актуените мерки кои се на сила, треба да продолжат и понатаму се додека не се зголеми колективниот имунитет.