Во Свечената сала на Собранието на Република Македонија, утре во 12 часот, одборот за доделување на државната награда „11 Октомври“ утре , ќе ја додели наградата „11 Октомври“ за 2014 година за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес на Република Македонија.
Наградата за животно дело во областа на науката и образованието ќе им биде доделена на проф. д-р Дејан Докиќ, пулмолог-алерголог и проф. д-р Зоран Тодоровски, историчар.
Во областа на културата и уметноста, наградата за животно дело ќе им биде доделена на Рамадан Шукри, музичар, педагог и диригент, Вања Лазарова-Димитрова, народен уметник и академик Катица Ќулавкова, писателка.