Утре под влијание на студена воздушна маса времето ќе биде посвежо и ветровито со умерен, а долж Повардарието и во источните делови засилен северозападен ветер со брзина и до 70 км/час, јавуваат од УХМР.
Потоа во наредните два дена ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Од петок ќе преовладува променливо и релативно топло време со повремени локални врнежи од дожд и појава на грмежи.
Денес ќе преовладува променливо облачно време, претпладне со сончеви периоди и слаб локален дожд. Попладне и во текот на ноќта облачно со врнежи од дожд, кои во северните и западните делови ќе бидат пообилни, а на планините ќе преминуваат во врнежи од снег. Ќе дува умерен ветер од западен и северозападен правец, кој кон крајот на денот на места ќе се засилува.
Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21 степени. УВ=6