Утре во прекин сообраќајот на делницата Пресека – с. Врбјани

АМСМ информира дека утре, петок, сообраќајот на патот Кичево-Охрид ќе биде во прекин.

-На патниот правец А2 Кичево – Охрид, на делницата Пресека – с. Врбјани, поради изведување градежни работи на пат (минирање) сообраќајот ќе биде во прекин помеѓу 11:30 ч. – 14:30 ч. во времетраење од 15 – 20 минути, велат од АМСМ.